top of page

Потекло на фармата

 

Започнавме пред скоро 4 години, многу се селевме, најпрво бевме на 10мин од скопските гужви -тоа се покажа како одлично за нас, но не толку и за кравите- едноставно во близина на Скопје нема доволно услови. Бевме и на Шар Планина на вечните пасишта, преубави пасишта но премногу сурови во зимските месеци за нас. Сега веќе повеќе од една година сме во близина на с.Милино (тоа е помеѓу Велес и Свети Николе) - одлична природа. Преубави меки ридови, полни со дабова шума, десетици километри одвоени од градските метежи. Животните се пресреќни, зимите се благи а летата...., па летово беше преубаво, имаше повеќе чаеви од трева - мислам дека кравите уживаат.

 

Нашите животни

 

Започнавме со крави, тие се прекрасни животни кои по цел ден неуморно работат -создаваат енергија за да ги надојат телињата или складираат енергија за телињата кои сеуште не ги отелите. Дали знаете дека кравите спијат само 15мин во денот ! - остатокот од денот они пасат или преживаат. Кравите се во сите бои, имаме шарени, црни, бели, црвени ... телињата се трудиме да бидат црвени,-раса Херефорд. Тоа е раса со една од најквалитетното месо, тоа е раса наменета за ваков тип на одгледување но сепак, нас сите ни се мили.

 

Нешто и за фармата

=

bottom of page