Во природната фарма „без име“ се одгледуваат крави и телиња на слободен систем. Кравите се пуштени преку целата година заедно со своите телиња. Телињата се хранат со мајчиното млеко а по желба пасат и јадат плодови од пасиштето. Наскоро на кравите ќе дојдат и други животни да им прават друштво и заедно да уживаат во природата.
Животните на фармата „без име“
Во што ние веруваме
Зошто тревопасно
Ние веруваме дека животните постоеле и успешно егзистирале долго пред човекот да почне да ги сместува во бетонски и други штали, долго дури и пред човекот да почне да ги храни со пченка или друг вид на зрно, па дури и пред да почне да им внесува ГМО храна или пак антибиотици, хормони, промотори за раст или пак да ги храни со остатоци од други животни.
Ние веруваме во природата, таа ги создала кравите како тревопасни животни, нивната цел во природата е да пасат трева која расте благодарејќи на сонцето и водата. Токму затоа нашата фарма претставува еден огромен сончев колектор кој го претвара сонцето во мускули и месо.
=
-
Органско не секогаш подразбира и тревопсно
-
Тревопасното подразбира здрав животен циклус на животното
-
Месото едноставно има вкус на месо
-
Млекото е полномасно и природно
-
Затоа што така одредила природата